УСПЕШНА ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ...

Фирмата ТОРАДО е основана во 1994 година.

Својата визија ја гради со вредна, напорна и посветена работа,
за која сведочи високиот квалитет и богат асортиман на артикли усовршувани за потребите на совремието.

Широкиот спектар на производи е наменет за угостителскиот сектор, но и за широка потрошувачка.

Потврда за посветеноста и професионалноста на фирмата ТОРАДО е долгиот список на лојални долгогодишни клиенти и компании соработници базиран првенствено на взаемна доверба.

 

 

Ова се само дел од нашите производи. За повеќе информации Ве молиме исконтактирајте не на телефон или e-mail

ЧЕПКАЛКИ (РАЗНИ)

ЧЕПКАЛКИ (ПЕЧАТЕНИ)

АЛУСАД ОВАЛЕН

АЛУСАД СО КАПАК

ЗЕМЈЕНИ САДОВИ

АЛУФОЛИЈА

СТАПЧИЊА

ПЛАСТИЧНИ САДОВИ СО КАПАК

ВРЕЌИ ЗА СМЕТ

ПЛАСТИЧНИ ЦЕВКИ

ПЛАСТИЧНИ ЛАЖИЧКИ

ПРОИЗВОДСТВО НА ЗЕМЈЕНИ САДОВИ

КУТИЈА 200 ЧЕПКАЛКИ

ТОРАДО ПРОИЗВОДИ

- Листа на производи за нарачка -

ЧЕПКАЛКИ 100/1 БОЦА

Стиропорен сад со 1/2/3 прегради

Алусад без капак 320/270

За цените ве молиме да се обратите на e-mail или пак на телефон

ЧЕПКАЛКИ 200/1 ХИГИЕНСКА КУТИЈА

ЧЕПКАЛКИ 1000/1 ХИГИЕНСКА КУТИЈА

ЧЕПКАЛКИ 1000/1 ПЕЧАТЕНИ

СТАПЧИЊА 100/1

ШЕЌЕР СО ЛОГО КЕСИЧКИ 5гр.

Кеса за чаша Десинфектед

Вреќи за смет 250 литри 10/1

Алуфолија 100 метри

Стречфолија 200 метри

Сламки 1000/1 хигиенски

Пластичен сад со капак 375 гр.

Пластичен сад со капак 500 гр.

Пластичен сад со капак 750 гр.

Пластичен сад со капак 1000 гр.

Алусад со капак 190/110/125

Алусад со капак 207/143/125

Алусад со капак правоаголен

Овален алусад (голем)

Овален алусад (мал)

*Цените варираат во однос на нарачка (Рок на плаќање по договор)

БРЕНДИРАНИ ЧЕПКАЛКИ

-ТОРАДО-

пРОИЗВОДИ

ЗА ТОРАДО

ГАЛЕРИЈА НА ПРОИЗВОДИ

СТИРОПОРЕН САД

СТРЕЧ ФОЛИЈА

ПЛАСТИЧНИ ВИЛУШКИ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Дали сте знаеле дека...

Предметот толку едноставен како што е чепкалката не е само обичен предмет за една едноставна намена.
Прочитајте неколку интересни факти за кои можеби знаат само малкумина...

1. Ископите на стари наоѓалишта покажале дека дрвени предмети налик на чепкалка се меѓу првите употребувани за дентална хигиена пред да биде измислена четката за заби.

2. Во XVII век чепкалките се користеле само од високите класи и дури биле изработувани од злато, сребро или слонова косја, дури и декорирани од скапоцени камења.

3. Чепкалките се сметале за толку важни што дури и производителот на ножеви на Swiss Army - популарен бренд на мултифункционални производи -  вклучиле и чепкалка во своите производи - комплет ножеви.

4. Кретаивни поединци на многу инвентивен начин ги користат чепкалките. Има интересен податок - некој човек употребил 110 000 чепкалки за да изгради модел на Ајфелова Кула.

5. Господин Чарлс Фостер, од Бостон, побарал од група студенти од Харвард по оброкот во еден локален ресторан, гласно да побараат чепкалки. Од нив се очекувало и да се жалат доколку ресторанот нема чепкалки.  На тој начин тој се борел постепено да создава пазар за овој вид производ.

6. Во државата Меин, тој основал фабрика за чепкалки и произведувал просечно 20 милиони чепкалки дневно.

 

 

За што може да се употреби чепкалката...

Неколку идеи...

За што друго може да се употреби чепкалката освен за чистење на забите или за проверка дали ви е доволно испечен колачот...

 

1. Можете да ги употребите за да запалите свеќа. Зошто? Дрвото од чепкалка гори многу поспоро и ќе ја избегнете непријатната топлина на прстите кога палите свеќа со запалка или чкорче

2. Одбележете го крајот на селотејпот, за да не го барате при следната употреба

3. Со чепкалката може да боите, да пополните ситни места со боја, кога се бара прецизност

4. Со чепкалки во различни бои може да одбележите месо на скара - кое чие е - според тоа колку треба да биде печено

5. Ако забодете во земја најмалку три чепкалки една до друга веднаш до кревко стебленце, го штитите од нападот на гасеници и други слични напаѓачи

6. Ако стебленце на новоизникнато растение е искривено, може да се исправи со тоа што ќе се потпре на забодена чепкалка. Чепкалката се вади кога растението ќе се стабилизира.

7. За рамномерно пржење колбаси два или повеќе може да се спојат со чепкалки за да бидат постабилни при вртењето.

8. Ако печете компир во микробранова печка забодете четири чепкалки на долната страна, како четири нозе. Така компирот ќе има топлина од сите страни.

9. Дозирање преливи. На нови шишиња сос или прелив, направете дупчиња на фолијата од капачето, за да не ви се истури одеднаш многу течност.

10. При варење, меѓу садот и капакот се става легната чепкалка. Зошто? за да излегува пареата од процепот и да не се случи ако се оддалечите од шпоретот течноста да се прелие и истече од тенџерето.

11. Пред да се ставите на скара нанижан зеленчук или сирења, најубаво е да се наводени чепкалкатамшто служи како држач.

12. За коктели се советува употреба на различни бои за да означат различни состојки или различни степени - средно, печено и недопечено месо или храна без глутен наспроти на пр. со пченица.

13. Поправка на дупнато црево - да не се фрла веднаш, туку во дупчето да се стави чепкалка. Од водата таа ќе набабри и дупчето ќе се затвори.

14. Чистење на тастатура или копчиња од други апарати со наквасување на врвот на чепкалката со алкохол.

15. Со малку креативност може да се изработат разновидни форми  (геометриски фигури, животни, градби и сл.) со употреба на чепкалки и пластелин како спој на краевите.

 

 

КОНТАКТ

Потврда за посветеноста и професионалноста на фирмата ТОРАДО е долгиот список на лојални долгогодишни клиенти и компании соработници базиран првенствено на взаемна доверба.

 

МОЖЕТЕ ДА НЕ НАЈДЕТЕ

ул.Леринска бр. 35 б, Скопје

Email: torado_skopje@yahoo.com

тел. 023085 079 / моб. 070 582 300

Copyright © 2017 ТОРАДО. All rights reserved.

Сопственик: Тони Радојков